Скопје, 28 март 2020 (МИА) – Во Општина Центар во тек е поставување на геловите за хигиенска дезинфекција на раце во влезовите на колективните згради за справувањето со епидемијата на вирусот Ковид 19.
Од Општината информираат дека на терен се нивни мобилни тимови за помош и поддршка на ранливите групи на граѓани, деца, пензионери, болни и изнемоштени лица, дека основните училишта својата наставна програма ја изведуваат онлајн, а се дезинфицираат и влезовите на зградите, улиците и јавните површини.
-Сите заедници на станари, кои имаат потреба од поставување на дезинфекциски гел за раце во нивниот влез, може да аплицираат телефонски, на 02/3203-682 или со барање по електронски пат, на info@centar.gov.mk, информираат од Општина Центар.
Градоначалникот Саша Богдановиќ апелира до сите жители на општината да се придржуваат до мерките и препораките на Владата и на Министерството за здравство, затоа што само со почитување на мерките, сите заедно можеме да излеземе како победници од епидемијата на коронавирусот.бк/бак/