Утрински Весник
Македонија

Од скопските општини најмногу заболени – 27 има во Карпош, возраста на заболените во земјава од 2 до 91 година

Од скопските општини најмногу заболени – 27 има во Карпош, возраста на заболените во земјава од 2 до 91 година

Скопје, 27 март 2020 (МИА) – На пошироката територија на Скопје заболени со корона вирус има пријавено во десет општини и тоа во Карпош – 27, во Гази Баба, Кисела Вода и Центар по 20,  Ѓорче Петров -11, Аеродром – 8, Сопиште – 7, Бутел – 4, Чаир – 3 и Илинден – 2, информираат од Институтот за јавно здравје.

Заклучно со 26 март пријавени се вкупно 219 случаи на Ковид-19, што е 10,6 на 100 илјади жители.

Според место на постојано живеење, случаи на Ковид 19 се регистрирани во десет градови: Скопје – 134, Дебар – 43, Куманово – 17, Штип – 8, Прилеп – 6, Велес – 3, Охрид – 3, Кавадарци – 2, Тетово – 2 и Гостивар – 1.

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Дебар со 154,9 заболени на 100.000 жители, а во Скопје инциденцата е 21,7 на 100.00 жители, додека во Штип инциденцата на 100.000 жители е 15,2.

Возраста на заболените се движи од 2 до 91 години. Најголем број на заболени се на возраст од 30-39 години – 51 (23,3%) и 50-59 години – 50 (22,8%) каде е регистрирана и највисока специфична инциденца од 18,0/100.000 жители.

Состојбата со коронавирусот во земјава по општини, вклучително и за градот Скопје е достапна на веб-страницата на Институтот за јавно здравје.аа/ац/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!