Утрински Весник
Македонија

Зорица Нушева доби наградата за најдобра актерка за улогата на ,,Петрунија” на Фестивал де Севиља

Зорица Нушева доби наградата за најдобра актерка за улогата на ,,Петрунија” на Фестивал де Севиља

Делчево, 27 март 2020 (МИА) – Делчевката Зорица Нушева доби уште едно големо призание за својата глума во филмот ,,Господ постои името и е Петрунија”. Овој пат наградата пристигна од Festival de Sevilla на кој Нушева се закити со статуетка за најдобра актерка од страна на организаторот на фестивалот.
-Ви благодарам од дното на својата душа, благодарам за оваа чест, навистина неверојатно, наградата навистина многу ми значи. Се надевам дека сите во ова време на криза сте безбедни. Да бидеме паметни, останете дома, бидете безбедни, истакна Нушева по повод добивањето на наградата.
Филмот ,,Господ постои името и е Петрунија” се прослави на Берлинале и оттогаш до денес учествуваше на многу фестивали со освоени голем број на награди. Моментално поради коронавирусот откажана е дистрибуцијата на филмот во Јапонија која е одложена за април кога се очекува и неговата тамошна премиера. вс/бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Вечерва тешка сообраќајна несреќа во центарот на Скопје – неколку лица пренесени во болница

„Опстојувањето е пркос, не преживување!“ Шестата парада на гордоста

„Страшен е животот што го живееме сега, протестираме и за вашите деца“ потресно сведоштво на татко од Кочани