Скопје, 27 март 2020 (МИА) – Средства за заштита има доволно. Имавме доволно количина и на маски и на раквици и на заштитна опрема и ги имаме и сега. Факт е дека тие маски, таа заштитна опрема мора да се употребува според правилата, според алгоритмите коишто ние ги имаме, информираше вечерва премиерот Опивер Спасовски во интервју за Канал 5 телевизија, прашан за тоа дека се пишувало дека недостасува заштитна опрема.
– Секој сега објавува на фејсбук или сака да направи некаква сензација заради тоа што во вакви кризи нема простор за профитерство. Кога зборувам за профитерство, зборувам и за оние коишто сакаат економски да профитираат и оние коишто сакаат да профитираат во делот на политиката и оние коишто сакаат да профитираат во делот на медиумите. Јас разбирма дека секој гледа нешто да добие од оваа криза какок профит. Тој што мисли дека ќе профитира на грбот на здравјето на граѓаните нема резултати, нема успех, истакна Спасовски.
Информираше дека очекуваат да добијат дополнителни средства од помош и донации кои се побарани од страна на Владата и дека тие ќе пристигнуваат.
Во однос на пишувањата дека не се правеле доволно тестирања од коронавирисот, премиерот рече дека неможе секој да кажува во државата, како и на кој начин ќе се прават тестовите.
-Пристапот на македонското здравство во справувањето со овој вирус е врз основа на сето она што се носи како одлука на Комисијата за заразни болести. И затоа има посебни алгоритми коишто се дадени од СЗО во делот на тестирањето. Се прават тестирања и се прави поголем скрининг и се зголемвуа обемот на тестирање таму каде што навистина имаме потреба од тоа да го правиме. Тестови набавуваме и тие се испорачуваат така како што има потреба. Значи државата има тестови и има капацитети, истакна Спасовски.
Појасни дека се окрупнуваат и капацитетите на лабораториите бидејќи во моментов се ограничени.
– Затоа ги соединуваме лабораториите коишто можат да помогнат. Приватните се вклучуваат. Клиниката Жан Митрев се вклучи . Се вклучуваат и други. Тие прават тестови и сега не се на сметка на Фондот, меѓутоа сите резултати ги прибираат заедно во Министерството, појасни премиерот Спасовски и додаде дека е многу е важно да не ни се случува тоа што се случува кај многу од државите да влегувме во масовен скрининг, да не се покажуваат позитивни тестови на одредени граѓани за да по неколку дена заради тоа што требало да помине неколкуи дена за инкубација, да се појавуваат позитивни случаи коишто ќе можат да го шират вирусот. бк/аа/