Утрински Весник
Македонија

Дебарските земјоделци дозволите за движење за време на викендите ќе ги добијат навреме

Дебарските земјоделци дозволите за движење за време на викендите ќе ги добијат навреме

Дебар, 27 март 2020 (МИА) – Подрачната единица на Министератвото за земјоделство, шумарство и водостопанство во Дебар, информираше дека замјоделците кои доставиле барање за дозвола за движење во текот на деновите од викендот, ќе ги добијат навреме.

Како што изјави за МИА Арбен Муладаути овластен раководтел на ПЕ на МЗШВ во Дебар, која со својата активност ја покрива и Општина Центар Жупа, барање за дозвола доставиле 50 земјоделци.

Дообјаснува дека станува збор за земјоделци кои одредени обврски, како што е молзењето и прихранувањето на добитокот го вршат во подоцнежнте часови.

Дозволите се подготвуваат во Министерството за информатичко општество и тие треба да бидат испратени по електорнска пошта на секој од земјоделците.

– Бидејќи нашите земјоделци и сточари не располагаат со потребната техничка подршка дозволите ќе ги добиеме ние на електонската пошта на единицата, по што истите ќе им ги распределиме ние, рече Муладаути.

Истите дозволите ќе ги добијат утре пред да започне времето на полицискиот час, а со право на движење до 21 часот.вт/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Фетаи: Повратот и конфискацијата на незаконски стекнатиот имот остануваат приоритет

ЗНМ одбележа 80 години постоење и ги додели годишните новинарски награди

Министерството за односи меѓу заедниците организираше настан по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик