Утрински Весник
Спорт

ВТБ лигата прогласи крај на сезоната без шампион

ВТБ лигата прогласи крај на сезоната без шампион

Москва, 27 март 2020 (МИА) – Раководството на ВТБ кошаркарската лига прогласи предвремен крај на сезоната поради пандемијата на Ковид-19. Ова е епилог од вчерашниот состанок од кој челниците денеска излегоа и со уште една важна одлука дека нема шампион.
Многумина сметаат дека ваквиот расплет е голем удар на екипата на Химки која во моментот на прекин на лигата имаше три победи повеќе од ЦСКА Москва, беше лидер на табелата и очекуваше специјална покана од Евролигата за наредната сезона.
„Армејците“ и онака имаа „А“ лиценца за учество во Евролигата, но Химки се надева на награда за скорот од 18-1 во регионалното кошаркарско натпреварување во некомплетната 2019/20 сезона. сѓд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина