Утрински Весник
Македонија

Кумановскиот театар со онлајн-претстава по повод 27 Март

Кумановскиот театар со онлајн-претстава по повод 27 Март

 

Куманово, 27 март 2020 (МИА) – По повод Светскиот ден на театарот 27 Март,  Кумановскиот театар денеска онлајн ќе ја прикаже култната претстава „Гејм овер“ (Game Over) по сценарио и режија на Сашо Миленковски, соопшти Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово.
Оттаму информираат дека претставата е премиерно изведена од Кумановскиот театар во јануари 1993 година. Инспирирана е од  драмата „Парите се отепувачка“ на Ристо Крле и е препозната како прва постмодернистичка претстава во Македонија.
До 1996 година „Гејм овер“ имала над 60 изведби. Одиграна е на многу фестивали во земјава и во странство, а во 1993 година е прогласена за апсолутен победник на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.
Во претставата играат Љубица Гојковиќ, Верица Ристоска, Горан Илиќ, Митко Апостоловски. Музиката е на Венко Серафимов, а сценографијата на Љубиша Јовановски. ам/хс/
Претставата може да ја гледате на следниот ЛИНК

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

М-НАВ најавува нови вработувања и модернизација, синдикатот предупредува на можен штрајк

Тренчевска: Семејствата на жртвите од трагедијата во Кочани заслужуваат и финансиска помош и правда 

Земјотрес во Валандово и Струмица