Утрински Весник
Македонија

Стопанска комора: Активно се бара решение за застојот на српско-македонската граница

Двојно зголемен превозот на стока со железницата во четвртиот квартал лани

Скопје, 27 март 2020 (МИА) – Стопанската комора на Македонија соопшти дека активно комуницира со Стопанската комора на Србија во врска со информациите дека има застој во транспортот на камиони на српско-македонска граница.

Комората ги информира компаниите и дека Советот на министри на Босна и Херцеговина донесе одлука со која определи гранични премини за влез и излез на стоки кои транзитираат низ таа држава. Деталите за таа одлука компаниите можат да ги најдат на интернет страницата на Стопанската комора.

-Еден од приоритетите на Стопанската комора на Македонија во постојниот период е обезбедување проодност на коридорите за транспорт на стоки. Така, во врска со информациите за застој во транспортот на камиони на српско-македонска граница, Комората е активно вклучена во комуникација со Стопанската комора на Србија, и заедно со Владата на Република Србија се работи на отстранување на пречките, наведува Комората. мч/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ