Утрински Весник
Македонија

Почесна артилериска стрелба по повод приемот во НАТО

Почесна артилериска стрелба по повод приемот во НАТО

Скопје, 27 март 2020 (МИА) – Единица на артилерискиот баталјон на Армијата денеска во 18:00 часот од касарната „Илинден“ во Скопје ќе се изврши артилериска стрелба со истрелување на шест плотуни од артилериски орудија по повод приемот во НАТО.

Како што информираат од Армијата, почесната стрелба е по повод депонирање на пристапниот протокол на Република Северна Македонија во Стејт Департментот со што земјава официјално станува полноправна членка на НАТО. вј/лв/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Четворица повредени во сообраќајка во Виница, еден од возачите бил пијан и избегал

Жена од Скопје измамена за сума од 117.000 денари

Маж пронајден мртов во дом во Ѓорче Петров, имал траги на насилство