Лос Анџелес, 27 март 2020 (/) – Водителка на Фокс њуз предивика бес во јавноста откако изрази „загриженост за тоа како жените ќе ги одржуваат своите фризури и нокти“ со штотуку воведените мерки за изолација поради пандемијата на новиот коронавирус.
Ејнсли Ерхарт јасно порача дека има намера да разговара за тривијалности наместо за прашањата за живот или смрт, но тоа не ја спречи осудата кон неа на социјалните мрежи.
– Тоа не е приоритет, но жените мора да имаат фризура, им рече Ерхарт на гледачите на емисијата „Фокс и пријателите”. – Некој напиша дека дури сега ќе ја видиме вистинската боја на својата коса кога ќе порасне коренот… Сите мои пријатели ми велат – знаеш, тоа не е приоритет оти луѓето умираат. Јас сум свесна за тоа, но – немаат ниту каде да ги маникираат ноктите, додава таа.
"all my friends are saying you know, this is not a priority, people are dying and i realize that, but they can't get their nails done" pic.twitter.com/UnkqFdvvmp
— Bobby Lewis (@revrrlewis) March 26, 2020
Корисници на Твитер веднаш почнаа да го поврзуваат тоа со дневната политика – Фокс важи за телевизија блиска до американскиот претседател Доналд Трамп и Републиканската партија. Некои отидоа и дотаму, дека се работи за проблемот на „белите богаташки“.
Некои, пак, ја бранеа 43-годишната мајка на едно дете, која доби козметички третман во емисијата. си/ссм/