Утрински Весник
Македонија

Делчевско семејство донираше хуманитарни пакети за социјално загрозените лица

Делчевско семејство донираше хуманитарни пакети за социјално загрозените лица

Делчево, 27 март 2020 (МИА) – Семејство од Делчево донираше хуманитарни пакети за социјално ранливи категории на граѓани.

Вкупно 30 хуманитарни пакети составени од средства за хигиена и прехранбени продукти од страна на екипи на општина Делчево денеска беа доставени до семејства кои живеат во социјален ризик, а кои изминатиов период побараа помош од Општина Делчево.

Со оваа донација воедно започна хуманитарната акција на Општина Делчево „Хуманост на дело“, со која ќе се собираат средства за да им се помогне на оние на кои им е најпотребна помош во оваа вонредна состојба. Делчевскиот градоначалник, Горан Трајковски, изрази јавна благодарност до семесјтвото Симови, но и до сите хумани луѓе кои во оваа исклучително тешка ситуација, собираат донации и несебично мислат и им помагаат на граѓаните на Делчево.

– Одговорноста и солидарноста на секој поединец во време кога ги живееме најтешките денови е за секоја почит. Изразувам јавна благодарност до нашите сограѓани, инаку просветни работници Живко и Горица Симови, за нивниот потег кој треба да биде поттик за сите да помогаме на оние на кои им е најтешко. Во таа смисла, сакам да порачам сите да бидеме хумани, да помагаме колку можеме во овие кризни моменти и да ги почитуваме препораките од надлежните со тоа што ќе останеме дома, истакна Трајковски.

Следејќи го интересот за донирање кај физичките и правните лица во Делчево, како што додаде Трајковски, Општината започна постапка за отворање донаторска сметка за таа намена, а отворена е и сметка на која ќе можат да донираат граѓани кои живеат и работат во странство.

Уплатите граѓаните од нашата држава, како и оние од странство, како што додадоа од Општината, можат да се вршат на сметки кои се објавени на општинската веб-страна. вс/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Арсовска до Николовски: Откако цела држава виде дека имаш надлежност да рушиш дивоградби, почни со тие што се реална закана

„ДУИ ги остави пожарникарите на немилост, вработуваме 400 пожарникари и градиме функционален систем за противпожарна заштита“, велат од „Влен“

На граничните премини без поголеми задржувања за влез и излез од државата