Утрински Весник
Македонија

Дезинфекција на виталните објекти во Куманово

Дезинфекција на виталните објекти во Куманово

Куманово, 27 март 2020 (МИА) – На барање на Општинскиот штаб за заштита и спасување денеска во Куманово почна дезинфекција на виталните објекти во градот, Општата болница, Ургентниот центар, Центарот за јавно здравје, Центарот за социјални работи и други јавни објекти.
Во акцијата се вклучени припадниците на Армијата и тимови на ЈП„Чистота  и зеленило” од Куманово. 
– Благодарност до припадниците на  Армијата, кои ургентно се отповикаа и учествуваа во акцијата, наведуваат од општина Куманово.
Општинскиот кризен штаб обезбеди и дополнителни заштитни одела и везири за тимовите за дезинфекција и тимовите за асистенција. Дел од везирите ќе бидат дадени на користење на Општата болница во Куманово. ам/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова: Не можеме да ја чествуваме државноста, а да ја заборавиме пожртвуваноста на поколенијата што ги удриле нејзините темели

Денови на македонска култура во Будимпешта 2026: гастрономија, музика и скулптура во есенското издание

Денеска се празнува 23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба