Утрински Весник
Македонија

Во Општина Чашка се реконструира улица во село Мелница

Во Општина Чашка се реконструира улица во село Мелница

Велес, 27 март 2020 (МИА) – Во село Мелница во тек се градежните активности кои предвидуваат бетонирање на улица во должина од 400 метри и ширина од 2,5 метри и поставување на заштитна ограда долж каналот кој минува покрај улицата.

За оваа намена, од буџетот на Општина Чашка се одвоени средства во висина од 250 илјади денари, а изведувач на градежните зафати е ЈПКД „Тополка”  во соработка со месното население.

Како што потенцираат од Опшина Чашка, со ова се придонесува за подобар живот на жителите во ова населено место во нивната општина. ад/ир

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

„Преку езерото”: Филмот „Кома” на Агим Абдула не потсетува на скапоценоста на пријателството во нашите кревки животи  

Николоски: Со донацијата од ЕУ, Државниот инспекторат за транспорт добива повеќе безбедност на патиштата и поефикасен надзор

СДСМ: Нарко дилерот Цуната се спаси, го пуштија, бараме оставка од Тошковски