Утрински Весник
Македонија

ФЗО: Имаме формирано здравствени услуги за лабораториска дејност во зависност од техниката за детекција на инфективни причинители

Централизација или јавно-приватно партнерство како опции за функционирање на лабораториите

Скопје, 27 март 2020 (МИА) – Фондот за здравствено осигурување соопшти дека има формирано здравствени услуги за лабораториска дејност во зависност од техниката за детекција на инфективни причинители која се користи во здравствените установи кои имаат договор со Фондот, а се однесуваат за инфекции со коронавирусот и тоа лабораториски услуги за серолошки анализи на инфективните причинители (ЕЛИСА, ИгМ или ИгГ) со референтна цена од 1.100 денари и лабораториски услуги за молекуларни анализи за инфективни причинители и истите во зависност од техниката (Полимеразно верижна реакција- PCR и Мултиплекс PCR) и бројот на причинители (еден, повеќе или цел сет на вируси) кои истовремено се детектираат.

Од Фондот посочуваат дека постојат повеќе различни лабораториски услуги со референта цена од 3.000 до 5.500 денари.

Во сумата на референтите цени, истакнваат од Фондот, се влезени сите трошоци за извршување на овие здравствени услуги, како што се труд на медицинскиот персонал, трошоци за медицински и друг материјал (тука влегуваат однапред спремени китови за детекција), трошоци за одржување на апаратите и просториите, како и режиските трошоци.

– При некои техники се користат само однапред спремени китови, а во други техники и покрај користењето на китови, потребни се други дополнителни активности за подготовка за изведување на тестот. Сите тие си носат соодветни трошоци. Сите наведени цени се со партиципација според Одлуката за висина на учеството на осигурените лица во вкупните трошоци на здравствените услуги, а до Фондот се фактурираат без партиципација. Сите наведени цени се објавени во Службен весник. Здравствените установи се одговорни при фактурирање до Фондот да ја избираат соодветната шифра, односно здравствена услуга со референтна цена во зависност од извршената услуга, во случајов лабораториска услуга, извршена по соодветна техника и број на причинители кои истовремено се детектираат, потенцираат од Фондот.

За кој тип на тест и по која метода е одобрен како дел од протоколот на СЗО за тестирање на инфекција од коронавирусот, од Фондот посочуваат дека може да информираат Комисијата за заразни болести, Институтот за јавно здравје или Министерството за здравство. рп/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме