Утрински Весник
Македонија

Во акцијата за помош на стари лица се вклучи и екипа од гевгелискиот Црвен крст

Во акцијата за помош на стари лица се вклучи и екипа од  гевгелискиот Црвен крст

Гевгелија, 27 март 2020 (МИА) – Седумчленна екипа од младинскиот клуб на Црвениот крст од Гевгелија се вклучи во акцијата за помош на стари, изнемоштени и болни лица кои можат од нив да побараат помош доколку се јават на телефонскиот број 071 714 105.

Волонтерите, велат од Црвениот крст, се јавуваат доколку треба да извршат купување на храна, хигиенски средства и лекови кои потоа ги доставуваат до домовите на нарачателите со цел да се намали ризикот од ширење на корона вирусот.

Од клубот на млади при гевгелискиот Црвен крст најавуваат дека наскоро ќе формираат и екипа составена од психолози, кои на ранливите категории граѓани ќе им пружаат психо – социјална помош.

Исто така и во Општина Валандово, мобилните тимови од млади волонтери продолжуваат со активно информирање на граѓаните од сите населени места за сериозноста од опасноста и за насоките за подобра превенција со цел да ја подигаат свеста за пандемијата на Ковид-19 и можните последици од неа. им/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Поведена постапка за врсничкото насилство во Куманово, две од осомничените се малолетнички

Времето утре – сончево и топло, попладне пороен дожд и грмежи

Шумски пожар кај село Бајково на Огражден, загрозена е и црквата Св. Петар и Павле, ќе интервенират два ер-трактора