Утрински Весник
Македонија

Штипските мобилни тимови помогнале на 50 семејства

Штипските мобилни тимови помогнале на 50 семејства

Штип, 27 март 2020 (МИА) – Мобилните тимови на Општина Штип и на Црвен Крст досега имаат излезено во пресрет на околу 50 семејства кои имаат побарано помош на броевите каде што се јавуваат граѓани за помош. Помошта е во обезбедување на намирници за старите и изнемоштени лица.

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски денеска информиршае дека Територијалната противпожарна единица и Јавното претпријатие „Исар“ преку своите екипи започнаа со дезинфицирање на влезовите и лифтовите од станбените згради во сите делови од градот.

– Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Штип вчера работеа на дезинфекција на станбените влезови во населбата Осми Ноември, на улиците „Булевар ЈНА“ и „Енгелсова“ и во централното градско подрачје на улицата „Ванчо Прќе“.Додека јавното претпријатие „Исар“ ги дезинфицираше станбените објети на улица „Пиринска“ во населба Автокоманда и на улицата „Лески“ во населбата Баби, вели Бочварски.

Тој додава дека ова е една од мерките донесени на Општинскиот штаб за заштита и спасување, затоа што досега нема точна информација колку граѓаните и куќните совети самоиницијативно имаат извршено дезинфекција. вдј/ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме