Утрински Весник
Магазин

Новак Ѓоковиќ донираше еден милион евра за помош на Србија

Новак Ѓоковиќ донираше еден милион евра за помош на Србија

Белград, 27 март 2020 (/) – Новак и Јелена Ѓоковиќ донираа еден милион евра за помош на Србија во борбата против новиот коронавирус, а парите ќе бидат наменети за набавка на респиратори.

Најдобриот светски тенисер им се обрати онлајн на своите обожаватели од Марбеља, каде моментно се наоѓа во изолација.

Тој им изрази благодарност и го поздрави медицинскиот персонал во Србија, „кој се бори за здравјето на луѓето и се труди на секаков начин да им помогне на пациентите заразени со коронавирусот“.

– Нашата донација од еден милион евра е за набавка на респиратори и дополнителна медицинска опрема. Респираторите моментно се најпотребни за спасување на животите, истакна Ѓоковиќ.

Бројни спортисти низ светот деновиве донираат големи суми на пари за да помогнат во борбата против Ковид-19. гт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Специфични пет прашања околу тоа како детето си поминало на училиште

Бубрег од свиња пресаден кај Американец функционирал рекордни 271 ден

Изложба на олдтајмери во Кавадарци, најстарото возило е 98 години