Утрински Весник
Македонија

Тројца гостиварци го прекршиле полицискиот час

Тројца гостиварци го прекршиле полицискиот час

Гостивар, 27 март 2020 (МИА) – Три лица не ја почитувале владината одлука за ограничено движење изминатата ноќ и изутрината, за што ќе се соочат со кривични пријави.

Според СВР Тетово лицата се лишени од слобода и се задржани за целосно документирање на случаите, по што против нив ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.

Од СВР Тетово апелираат до  граѓаните да се воздржат од непотребно излегување од нивните домови, зашто можат да ги доведат во прашање сопствениот и животот на своите најблиски во семејството, роднини, пријатели и соседи, на своите сограѓани. Секое непочитување, ќе се санкционира на законски предвидениот начин, согласно на членовите 205 и 206 од Кривичниот законик.

Оние на кои им е потребна каква било помош од делокругот на професионалните обврски на СВР Тетово, како и досега, можат да се јават на телефонскиот број 192. згм/oџ

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Меџити: Утре ЈСП ќе добие шест електрични автобуси

Од ноќеска поскапуваат сите горива – РКЕ со нова одлука

Таравари: Функционери на ДУИ се повикуваат во обвинителствата, наскоро ќе се види кои се тие