Утрински Весник
Македонија

Опрема за автоматска дезинфекција на возила изработуваат професори од „Наце Буѓони“

Опрема за автоматска дезинфекција на возила изработуваат професори од „Наце Буѓони“

Куманово, 27 март 2020 (МИА) – Професори од средното техничко училиште „Наце Буѓони” во Куманово со поддршка на Општината изработуваат опрема за автоматски пунктови за дезинфекција, објави кумановскиот градоначалник.
Опремата ќе биде поставена на дванаесетте  влеза и излеза во Куманово. Уредите ќе овозможат автоматска дезинфекција на автомобилите кои влегуваат и излегуваат од градот.

 

– По иницијатива на градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, ние како ОСТУ „Наце Буѓони“ се вклучивме во изработка на апаратура за автоматска дезинфекција на автомобилите коишто влегуваат на територијата на општина Куманово. Во изработката се вклучени Александер Цветков, Србољуб Личиќ и Новица Ѓорѓевски, дипломирани електоинженери, и  Бобан Мaксимовски и Ненад Петковски, дипломирани машински инженери, професори во училиштето.  Слична апаратура има и во општина Кавадарци со која разменивме мислење и искуство, изјави Драган Јаневски, директор на училиштето „Наце Буѓони“.

Општина Куманово обезбедува поголем процент од потребната опрема, а дел обезбедува и училиштето. ам/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Од невремето 117 оштетени возила и 189 паднати дрвја само во Скопје

ЦУК затрупан со повици – над 8.300 пријави за само четири часа по невремето

УХМР предупредува: Невреме со дожд и силен ветер се приближува кон Македонија