Утрински Весник
Македонија

Дехари: Кичевските училишта одговорија на повикот за формално учење од далечина

Дехари: Кичевските училишта одговорија на повикот за формално учење од далечина

Кичево, 27 март 2020 (МИА) – Учењето од далечина во кичевските училишта е добро развиена, постојат некои мали пречки што ќе се надминат наскоро,, порача градоначалникот на општина Кичево Фатмир Дехари.

Тој изрази задоволство поради посветеноста на образовниот персонал во Кичево и истакна дека посветеноста на професорите и на целиот образовен персонал е на високо ниво.

-Како што досега работевме со посветеност на образованието, оваа ненадејна загриженост не обврзува да ја зголемиме грижата за децата, но овој пат поинаку, вели Дехари.

Тој додава дека од страна на Министерството за образование и наука, ситуацијата во областа на образованието е добро управувана и министерот Арбер Адеми повика Бирото за развој на образованието да развие соодветни наставни планови за вонредна состојба. Во таа насока и кичевските основни и средни училишта одговорија на повикот за формално учење од далечина, користејќи дигитални платформи што овозможуваат развој на учење од далечина.

-Тековната состојба што го зафати целиот свет и човештвото се одрази и кај нас. Справувањетo и грижата се распространети. Во зависност од оваа состојба, ние бевме должни да ги спроведеме препораките на Владата на PCM за да ја зголемиме грижата за Ковид 19 и да го избегнеме ширењето кај населението, потоа да ги затвориме училиштата и градинките во Кичево, како што направија сите општини во земјата и надвор од нашите граници, рече Дехари.рф/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал