Утрински Весник
Македонија

Поднесено обвинение за разбојник од скопско Лисиче

Трагедија во Гостивар, една жена е убиена, а две лица се повредени

Скопје, 27 март 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Скопје по спроведена истражна постапка поднесе обвинение против едно лице на возраст од 29 години, за разбојништво.

-Обвинетиот на 16.11.2019 година, влегол во семејна куќа во населбата Лисиче преку незаклучена врата. Внатре ја затекнал оштетената на која и се заканил со нож и со зборовите „дај пари или ќе те убијам“. Оштетената  успеала да му ја оттргне капата со која му била покриена главата и да го види неговиот лик, по што обвинетиот го вперил сечивото од ножот кон нејзината слепоочница, а со дланката и ја покрил устата за да не може да повика помош. Нападнатата му покажала на паричникот на масата, по што тој и наредил да ги извади сите пари од паричникот, вкупно 600 денари во различни апоени. Откако ги одзел парите, обвинетиот повторно и се заканил да не повикува помош и се дал во бегство, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, ценејќи дека се уште постојат законските основи – опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците и да ја попречува кривичната постапка, како и опасност да го повтори делото што му се става на товар, особено заради фактот што се работи за лице и претходно осудувано за исти кривични дела. дма/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал