Утрински Весник
Македонија

МОН работи на решение за учениците кои немаат пристап до интернет

МОН работи на решение за учениците кои немаат пристап до интернет
Ss2

 

Скопје, 26 март 2020 (МИА) – Министерот за образование и наука Арбер Адеми на денешната 29-та владина седница информираше за поставувањето на Националната платформа за е-настава која од денеска ќе се користи во образовниот процес за време на вонредната состојба, соопшти владината прес-служба.

Адеми информирал дека се работи на решение за учениците кои немаат пристап до интернет.

Img 5587

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за земјоделско земјиште.

Согласно оваа Уредба, роковите кои се определени согласно Законот за земјоделското земјиште за донесување на одлука по отпочнати  постапки со прибирање на понуди кои истекуваат за време на траење на вонредната состојба, престануваат да течат за време на траењето на вонредната состојба и почнуваат одново да течат по истекот на траењето на вонредната состојба. По истекот на траењето на вонредната состојба изборот на најповолен понудувач во отпочнатите постапки со прибирање на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари ќе се врши согласно Правилникот за поблиските критериуми за избор на најповолен понудувач на земјоделското земјиште кое може да се даде во закуп.са/дма/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Лукаревска: Сакале некои или не, СДСМ ќе биде запишан во историјата како организирана политичка сила која ја врати слободата и ја врати државата на вистинскиот пат

Две лица загинаа во сообраќајката на патниот правец Радовиш-Штип

Во Богомила упасен скопјанец кој со ловачка пушка им се заканувал на мешатани