Утрински Весник
Македонија

Сугарески: Лага е дека Центарот за јавно здравје во Прилеп предупредил присутни на забава дека се потенцијално заразени

Сугарески: Нема да се создаде урбанистички хаос со новиот закон за легализација

Скопје, 26 март 2020 (МИА) – Некој си игра со здравјето преку лажни вести. Тешка лага е дека Центарот за јавно здравје во Прилеп предупредил присутни на забава во „Порта” дека се потенцијално заразени од вирусот и треба да се самоизолираат, напиша вечерва на својот фејсбук профил министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Тој појаснува дека доколку станува збор за вистина, менаџментот на „Порта“ прв ќе објавел оти постои ризик за здравјето на посетителите, како општествено одговорни чинители и вредни угостители со образ и чест.

-Ем шират паника во Прилеп ем си тераат партиски пресметки, додека сите државни и општествени капацитети се впрегнати во справување со пандемијата од „Ковид 19”. Слушнете ме добро! Мене може да ме критикувате колку сакате, јас сум јавен службеник платен со народни пари и обврска ми е да трпам неосновани критики и да се бранам колку знам и умеам, но не го чепкајте моето семејство, кое не е ни криво ни должно за мојата политичка активност, потенцира Сугарески.

Оваа пандемија, додава тој, еднаш ќе заврши, како и политичките кариери и ќе дојде време да се погледнеме во очи.

-Злобата никому не носи добро. Грев е кога луѓето преплашени за здравјето, a некој да се служи со подмолни трикови смислени во партиски кујни! Баталете политика, вирусот не разликува ни етникум, ни вера, ни партиска припадност! Кругот е мал, а во него сме сите, напиша министерот Сугарески на фејсбук.бт/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер