Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Затекнатите граѓани во Дебар вратени од Бошков Мост, не биле тестирани

Затекнатите граѓани во Дебар вратени од Бошков Мост, не биле тестирани
300x250 opst2

Дебар, 26 март 2020 (МИА) – Според последните информации од Оператвниот штаб на Дебар, лицата кои беа затекнати во Дебар, на денот на прогласувањето на кризната состојба, поради коронавирусот, а денеска требаше да го напуштат градот вратени се назад од контролниот пункт кај Бошков Мост.

Лицата се вратени назад попладнево поради тоа што имале само потврда од епидемиолог дека се здрави, а не биле тестирани за коронавирус.

На пунктот е побарано да се почитува мерката на Владата што подразбира по поминатите 14 дена во карантин неопходно да им се земе брис, односно да им се направи тестирање.

– Споменатите лица повторно се сместени во хотелските капацитети на „Дебарски Бањи-Цапа“ каде беа изминатите две недели. Планираме да бидат тестирани во текот на утрешниот ден, рече градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, кој раководи со Оперативниот штаб.

Станува збор за 114 лица од неколку градови на земјава, пред се од подрачјето на Река, Општина Маврово и Ростуше, како и од Косово, Србија, Бугарија и Шведска. вт/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Неадекватното работење и криминалот на ДУИ ја урна куќата на Владо Малески, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Венко на власт и Венко во опозиција е различен за 180 степени

Тешко претепан маж во Тетово, со тешки телесни повреди е пренесен на Клинички во Скопје