Утрински Весник
Македонија

Заев: Лидерска средба не е потребна, Владата има капацитет за справување со коронакризата и носење одлуки

Заев: Со примената на терапија за коронавирусот се намалува бројот на денови за лекување

Скопје, 26 март 2020

Владата има комплетен капацитет, а јас како претседател на СДСМ излегов со предлог мерки со цел справување со коронакризата, но и истакнав дека Владата има поддршка како и да одлучи, нема потреба од лидерска средба по ова прашање, истакна претседателот на СДСМ, Зоран Заев на гостувањето во Дневникот на Националниот телевизиски сервис, одговарајќи на прашањето за потребата од свикување на лидерска средба меѓу партиите со цел усогласување на ставовите и мерките кои би се предложиле во справувањето со коронакризата.

-Владата овојпат е и техничка што значи и во неа е и опозицијата и таа, Владата е таа која треба да носи одлуки. Видовме какви инжињерски предлози презентираше опозицијата, без да консултира економски експерти. Мора да се поставиме посериозно, затоа што ова не  е кампања и не се избори, ова е скриен непријател наречен коронавирус и е заеднички за сите и не смееме да правиме политички поени од тоа. Затоа што граѓаните знаат да препознаат и нивното мислење ке ни го соопштат зад параванот кога ќе гласаат, истакна Заев.

Претседателот Заев на крајот порача дека сите треба да се однесуваме сериозно, бидејќи ова е пресериозно време.

[Во живо:] Интервју за Националната телевизија кое се емитува во рамки на Дневникот.

[Во живо:] Интервју за Националната телевизија кое се емитува во рамки на Дневникот.

Posted by Zoran Zaev on Четврток, 26 март 2020

 

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

—————————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

„Велибор Манев рече дека тука има закопано човек, на едно место покриено со гранки“, сведочат полицајци

Каранфилова-Пановска: Ќе бидам верен соработник во креирањето и спроведувањето на новите политики за промени на СДСМ

Обвинителство: Има материјални докази дека Палчо е сторител на двојното убиство