Утрински Весник
Македонија

Тринаесет лица од Струмица, Радовиш, Валандово и Гевгелија не ја почитувале наредбата за полициски час

Тринаесет лица од Струмица, Радовиш, Валандово и Гевгелија не ја почитувале наредбата за полициски час

Струмица, 26 март 2020 (МИА) – На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица синоќа 13 граѓани ги прекршиле прописите и наредбите предвидени од страна на Владата и Министерството за здравство за време на епидемија, односно го прекршиле полицискиот час со предвидените забрани за движење во определен период, информираа попладнево од СВР-Струмица.

– Седум од овие лица се затекнати на подрачјето на Полициската станица Струмица, три на подрачјето на Валандово, две на подрачјето на Гевгелија и едно на подрачјето на Радовиш, а во просториите на полициските станици се приведени три лица, стои во информацијата од струмичката полиција.

Додаваат дека до надлежните обвинителства вчера се поднесени и седум кривични пријави против 11 лица кои во претходните денови го прекршиле полицискиот час, од кои четири пријави против шест лица се поднесени до Основно јавно обвинителство Радовиш, две пријави до ОЈО Валандово и една до ОЈО Гевгелија. рт/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”