Утрински Весник
Македонија

Штипските пензионери шијат 3.000 заштитни маски

Штипските пензионери шијат 3.000 заштитни маски
Dik 300x250 mk

Штип, 26 март 2020 (МИА) – Пензионерките кои се членови на Здружението на пензионери-Штип почнаа слободното време да го користат во шиење на заштитни маски. Претседателот на здружението, Ристе Нетков вели дека до понеделник ќе се сошијат околу 3.000 маски.

нгажиравме поголем број на пензионери кои се вклучија во оваа, така да ја кажам, хумана акција, и маските ги шијат дома. Со нивна меѓусебна комуникација  верувам дека маските за кратко ќе бидат готови, вели Нетков.

Тој најави дека маските ќе се делат на неколку пунктови.

Во врска со изработката и дистрибуција на заштитните маски договорено е тие да се поделат пред влезовите од супер маркетите на Кит – Го во градот, во раните утрински часови во понеделник од 8.00 до 9.00 часот. Освен бесплатното делење на заштитни маски за пензионерите, ќе поделиме бесплатно и заштитни ракавици, информира Нетков

Во моментов, во дел од штипските конфекции се шијат околу 20.000 заштитни маски, наменети за вработените во здравствените институции, полицијата, АРМ, државните институции и за реалниот сектор, вакви маски за повеќекратна употреба добија и медиумските работници во Штип.вдј/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВРЕДИ: Ставивме двојазични табли во Белановце, Ќафасан и Блаце, а сега и на граничниот премин Блато

Мицкоски од Брвеница: На 2 ноевмри да гласаме за број 9 за сите кои работат за иднината на Македонија

Пак ќе „игра“ метлата? Филипче најави кадровски промени во партија по изборите