Утрински Весник
Македонија

Повик за апликации за стипендии на Словачката национална програма за мобилност

Повик за апликации за стипендии на Словачката национална програма за мобилност
Dik 300x250 mk

Скопје, 26 март 2020 (МИА) – Амбасадата на Словачка во Скопје известува за повик за апликации за стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност (Slovak National Mobility Programme).

Повикот, кој е објавен и на веб-страницата на Министерството за образование и наука, се однесува на студиски престој на странски студенти, студенти на докторски студии, универзитетски професори, истражувачи и уметници на словачките високообразовни институции и истражувачки организации, за академската 2020/2021 година.

Деталите за условите и информации за стипендиите се објавени на веб-страниците www.stipendia.sk и www.scholarship.sk.

Апликациите треба да бидат доставени електронски на веб-страницата: www.scholarship.sk, најдоцна до 30 април 2020 година, до 16 часот по централноевропско време.

Лице за контакт во Министерството за образование и наука е Гоце Видановски, Сектор за наука и иновации (goce.vidanovski@mon.gov.mk)   хс/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пообилен дожд во западните делови, ќе престанат утре попладне

Почина пејачот и режисер Диме Поповски

После 7 месеци, пронајдена дамата херој од кочанската болница