Утрински Весник
Македонија

Адвокат Даути бара да се постапува согласно актуелната состојба

Даути: Основен кривичен суд ни забранува да се подготвуваме и да даваме соодветна и професионална одбрана

Скопје, 26 март 2020

До: Судски совет на Р.С Македонија

Технички премиер на Владата на Р.С Македонија г-дин Оливер Спасовски

Министер за правда г-ѓа Рената Десковска

Министер за здравство г-дин Венко Филипче

Министер за внатрешни работи г-дин Наќе Чулев

Предмет: Известување за вршење на дискриминација во однос на останатите граѓани во услови на постоење на вонредна состојба и непостапување според здравствени прописи и одлуките на Владата за време на епидемијa

Со Одлуката за мерките за спречување на внесувањето и ширењето на коронавирусот Сovid-19 со која сите нејзини мерки добиваат правна основа за нивно спроведување донесена од страна на Владата на Р. Северна Македонија на ден 13.03.2020 година, се усвоија голем број на предложени мерки чија цел има да изврши превенција од ширење на вирусот и заштита на граѓаните на Р. Северна Македонија. Оваа Одлука содржи мерки како што се забрана за одржување на јавни и приватни собири за сите државни установи и институции, без оглед на обемот и бројот на учесници, воведување на скратено работно време за многу објекти каде има голем обрт на луѓе со обврска за задржување на минимум неопходно растојание од најмалку метар и половина до два метри, за луѓето кои престојуваат во овие објекти и други мерки. Притоа, важно е да се напомене дека судовите, односно судските сали и простории не се исклучок од ова правило, каде на дневно ниво се остварува висока фреквенција на посетеност од страна на лица од различни старосни групи.

Многумина од нас имаме директен контакт со клиенти, така што ги изложуваме на ризик и клиентите и нивните семејства, но и нас самите и нашите семејства со што сме ставени во исклучително тешка и дискриминирачка позиција.

Дискриминирачко постапување се гледа и во различниот третман кој се применува од страна на останатите судови на територија на Р.С Македонија, односно јасно и недвосмислено е дискримирачкото постапување со кое ќе се одржуваат преку 308 рочишта меѓу кои има предмети со по 10, 15, 20 и повеќе обвинети кои на истите присуствуваат со еден или повеќе бранители.

Станува збор за постапување кое е во директна споротивност со мерките на владата. Мерките на владата не се однесуват само на заболените, но и на незаболените на кои им се наложува начин на однесување, движење, престој и комуникација.

Министерката за правда г-ѓа Рената Дескоска изјави дека ниту едно ограничување на слободите и правата не смее да биде дискриминаторско по пол, раса, боја на кожа, вера, јазик, национално или социјално потекло, општествена или имотна состојба и истото не смее да се однесува на ограничување на правото на живот.

Во конкретниот случај, остварувањето на правдата, како и генералната и специјалната превенција како легитимни цели, може да се постигнат исто и преку водење на постапки кои би продолжиле откако ќе престане пандемијата.

Земајќи ја во предвид и ситуацијата со трите смртни случаи од коронавирусот во Р. С. Македонија каде пациентите биле по неколку пати со тестови со негативен резултат, го отвора прашањето дали може да се верува дека сите лица кои ќе присуствуваат на судењата, а ќе имаат негативен резултат на евентуално тестирање од вирусот, се навистина негативни на истиот.

Оттука ризикот по животот на сите присутни е неизбежен.

Јавно прашувам, дали во ситуација на заболување кое може да доведе до драматични последици Судскиот совет ќе ја сноси кривичната одговорност?

Дали Претседателот на Судскиот совет, г-дин Киро Здравев е подготвен да сноси комплетна кривична одговорност поради нерационалното инсистирање за одржување на овие рочишта доколку некој од странките, адвокатите, обвинетите, судиите се заболат и се стават во ризик по нивниот живот?

Оттука, ризикот по животот на сите присутни е неизбежен и директен. Според гореизнесеното, барам Судскиот совет да постапи согласно актуелната состојба и да ги донесе следните одлуки:

1. Сите постапки во судовите привремено да се прекинат, а единствено да се држат рочишта каде по барање на надлежен обвинител треба да се одлучи за определување на мерка притвор, како и за оние случаи каде е утврдена кривична одговорност поради повреда на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот;

2. За предметите за кои ќе настане времен прекин во судењето, да се донесе уредба со законска сила која ќе го прекине течењето на роковите со тоа што нема да може да настане застареност на предметите или други негативни реперкусии, вклучително и со протек на 90 дена да не мора главната расправа да започне одново а ниту сите докази да се изведуваат повторно, туку истата да продолжи како да немало прекин.

3. По завршување на секое рочиште да се врши соодветна дезинфекција на салите каде ќе се одвива судско рочиште, да се дезинфицираат лифтовите и сите простории во кои ќе се движат странки, вклучително рачките на вратите и други површини кои често се изложени на допир на повеќе лица, како и да се мери температура на сите лица кои влегуваат во судот од службениот и сите неслужбени влезови;

4. Министерството за правда или судовите за секое лице кое ќе влези во судот да обезбедат заштитна маска и нараквици; и уште еднаш би сакал да истакнам дека неопходно е итно да се превземат дополнителни мерки и донесат соодветни одлуки, во спротивно се остварува законското битие на кривичното кривични дела против здравјето на луѓето, пренесување на заразни болести или непостапување според здраствените прописи за време на епидемија т.е прогласена вондредна состојба на територија на нашата држава.

Со неносењето на ваков тип на мерки во услови кога СЗО прогласи пандемија а претседателот Пендаровски вондредна состојба поради корона вирусот, судот како државен орган врши повреда на правото на животот заштитен со член 2 од Европската конвенција за човековите права на нас адвокатите но и на сите присутни во салата но и директно го прекршува Кривичниот законик.

Адвокат Мерџан Даути

_____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички

Општина Струмица ѝ предаде објект на Фондацијата „Елеуса“

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија