Утрински Весник
Македонија

На сообраќајните влезови во Битола поставени дезинфекциски „корита“ за автомобили

На сообраќајните влезови во Битола поставени дезинфекциски „корита“ за автомобили

Битола, 26 март 2020 (МИА) – Градоначалничката на Битола Наташа Петровска изврши увид на градежните активности и поставувањето на т.н. дезинфекциски корита за моторните возила што влегуваат во градот Битола.

Во изјава за јавноста, Петровска порача дека акциите на дезинфекција ќе продолжат, но граѓаните треба уште повеќе да го редуцираат движењето.

– Денеска завршија градежните активности и поставени се дезинфекциски корита низ кои ќе минуваат и ќе се врши дезинфекција на сите моторни возила што влегуваат во општината. Оваа акција е составен дел на континуираните акции што ги вршиме деновиве, односно дезинфекција на јавните површини и објекти каде што постои можност за контаминација и загрозување на населението. Мобилно и со интензивни акции ќе продолжиме, но граѓаните мора да го редуцираат движењето, порача Петровска. мт/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пожар во кругот на болницата во Битола, нема материјална штета, ниту се загрозени вработените и пациентите

УНЕСКО со сериозни критики: Охридскиот регион под закана да го изгуби статусот на заштитено богатство

Два полициски хеликоптери интензивно го гасат пожарот кај Чучер-Сандево, исфрлени преку 70 тони вода