Утрински Весник
Македонија

Во Велес земени маркери од лицата кои контактирале со тројцата заболени од Ковид-19

Во Велес земени маркери од лицата кои контактирале со тројцата заболени од Ковид-19

Велес  26 март 2020 МИА (МИА) – Кризниот општински штаб во Велес на вчерашната седница констатирал и ја потврдил бројката на три лица заболени од корона вирус на територијата на општината..Воедно во текот на вчерашниот ден обезбедил и просторија  за Мобилната екипа на Центарот за јавно здравје за земање на брис на лицата кои биле во контакт со лицата кои се веќе потврдени носители на вирусот. Испитаните маркери биле испратени на  испитување до Министерството за здравство.

Кризниот штаб одлучил дека  во зависност од добивањето на резултатите за новонастанатата состојба преку Министерството за здравство, Општина Велес ќе побара од Владата на РСМ мерка со која ќе се затворат сите влезови во град Велес.

Тие констатирале дека  сите задачи и активности од претходните седници на Општинскиот штаб за заштита и спасување на Општина Велес се реализирани во целост, освен активноста за вршење на дезинфекција на возилата при влезот во градот. Истата не се реализирала  поради недоволен број  човечки и технички ресурси  и Општинскиот кризен штаб заклучил да се изнајде начин и решение за реализација на истата.

Кризниот штаб донел одлука  сите граѓани кои се отпуштени од своите работни места, а припаѓаат во групата социјално загрозени семејства може да достават барање за доделување еднократна парична помош во архивата на Општина Велес.

Воедно  Општина Велес ќе отвори специјална наменска сметка за сите заинтересирани физички и правни лица, општествено одговорни  компании и други, каде можат да донираат финансиски средства, а истите ќе бидат наменети за обезбедување на храна и други неопходни продукти на семејства или поединци кои ја изгубиле својата работа поради новонастанатата (вонредна) состојба. Воедно, заинтересираните физички или правни лица можат, исто така, да донираат и неготвена храна (конзервирана, пакувана со подолг рок на траење) наменета за горенаведената категорија на граѓани.

Пункт за собирање на оваа намена ќе биде лоциран во ОУД „Лазар Лазаревски”, Велес, а донираната храна ќе биде дистрибуирана преку утврдени податоци од страна на Центарот за социјални работи, во соработка со волонтерите на ОО Црвен крст, Велес и мобилните општински тимови.

Касарната „Алексо Демниевски Бауман” е понуден како простор што е уреден и може да се искористи за изолација, а Општина Велес да пристапи кон санација на санитарниот чвор.

Општина Велес ја разгледува можноста и за обезбедување финансиски средства за набавка на заштитна опрема на здравствените работници во ЈЗУ Општа болница Велес, Центарот за јавно здравје и ЈЗУ Здравен дом;

Кризниот штаб  препорачува на претставниците на Советите на заедниците (колективни станбени згради) да изнајдат начин да извршат дезинфекција на заедничките простории во своите објект,како и ослободување на  вработените во училиштата кои ротираат од работните места.

Директорите на училиштата се задолжуваат на училишните интернет страниции на видно место во училишната зграда да објават податоци за отворен контакт телефон и лице и соодветна електронска пошта каде родителите ќе можат да добијат потребни информации за издавање на потврди или спроведување на учење од далечина он-лајн настава.

Од Општинскиот Кризен Штаб штаб апелираат до граѓаните да се почитуваат препораките од Министерството за здравство за новонастанатата состојба во градот.ад/скс/


Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме

На „Блаце“ и „Табановце“ се чека од 30 минути до 60 минути