Утрински Весник
Економија

УЈП од утре ќе прима странки од 8:00 до 14:00 часот

Нема решенија за присилна наплата од УЈП додека траат препораките за коронавирусот

Скопје, 26 март 2020 (МИА) – Управата за јавни приходи (УЈП) од утре го продолжува работното време од 8:00 до 14:00 часот за прием на странки во регионалните дирекции, одделенијата и шалтерите, информираат од УЈП.

– Причина за  оваа одлука на Управата за јавни приходи во услови кога во земјата е прогласена вонредна состојба поради коронавирусот Ковид-19, е да им излезе во пресрет на сите оние обврзници кои се најпогодени од последиците од коронавирусот и на кои им е потребно уверение за платени даноци и придонеси, што ќе им послужи пред Развојната банка на Северна Македонија, велат од УЈП

Оттаму апелираат даночните обврзници наместо да доаѓаат лично во Управата за јавни приходи да го поднесат барањето за издавање на уверение на линкот е-Даноци. вј/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Нето надворешниот долг достигна 4,76 милијарди евра, за три месеци пораснал за 30 милиони

Lidl ја проширува инвестицијата во Битола: Поставен камен-темелник за вториот маркет

Без нови извори на бакар, зелената транзиција се соочува со предизвици – можност и за Македонија