Утрински Весник
Македонија

Се затвораат сите пазари во Струмица

Се затвораат сите пазари во Струмица

Струмица, 26 март 2020 (МИА) – Сите пазари на мало и големо од сабота ќе бидат затворени, информираат од ЈПКД „Комуналец“ кое стопанисува со нив.

– Ги известуваме сите граѓани дека од сабота, 28 март, сите пазари за прехранбени и земјоделски производи на отворено, вклучително Кванташкиот и Сточниот пазар, се затвораат за работа. Се молат сите граѓани да ги следат наредбите на Владата и да го почитуваат полицискиот час, стои во информацијата на струмичкото комунално претријатие.

Пазарот во ГТЦ „Глобал“ е затворен откако беше објавена мерката на Владата за затворање на трговските центри и молови, а до утре ќе работат пазарите „Чешел“ и „Кантон“. рт/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Одморалиштето „Пониква“ ќе биде отстапено за нега и рехабилитација на повредените во пожарот во Кочани

Малолетник со параглајдер завршил на канделабра (ФОТО)

Подгответе се: Од утре пад на температурите – ова се деталите