Утрински Весник
Македонија

Најдена неексплодирана бомба пред Тетовскиот затвор

Најдена неексплодирана бомба пред Тетовскиот затвор
Dik 300x250 mk

Тетово, 26 март 2020 (МИА) – Вработен во Тетовскиот затвор претпладнево околу 10 часот и 30 минути пријавил дека нашол неексплодирана експлозивна направа пред објектот. Тој увидел дека има бомба кога се паркирал пред затворот.

-Вработен во Казнено-поправната установа „Тетово“- Тетово пријавил во СВР Тетово дека на улица „Браќа Миладиновци“ во непосредна близина на установата, каде го паркирал патничко возило „Голф“, покрај предното лево тркало забележал експолозивна направа, најверојатно рачна бомба кашикара, информираа од СВР Тетово.

Во тек е увид што го вршат службеници од стручните служби на СВР Тетово, а повикани се претставници на Дирекцијата за заштита и спасување и Единица за антитероризам при МВР. Ќе се врши подигнување и транспортирање на експлозивната направа. ас/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Потврден притворот за Рустеми и Саити – обвинети за загрозување на животната средина со отпад

Филипче: Ја слушаме јавноста и ќе ги направиме неопходните кадровски промени во СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче уште го игра бугарското сценарио