Утрински Весник
Македонија

Списанието „Емитер“ нуди упатство како да се користи апликацијата ZOOM за што подобра онлајн-настава

Списанието „Емитер“ нуди упатство како да се користи апликацијата ZOOM за што подобра онлајн-настава

Скопје, 26 март 2020 (МИА) – Списанието „Емитер“ дава свој прилог за подобра онлајн-настава со опширен напис и упатство за инсталација и користење на бесплатната апликација ZOOM. Од списанието велат дека со користењето на оваа апликација образовниот процес ќе биде поинтерактивен и поквалитетен.

-Кризната состојба предизвикана од коронавирусот наложи потреба за организација онлајн-настава. Но, најголем дел од училиштата и факултетите немаат ниту платформа ниту претходно искуство во организирањето овој тип настава. Секој се снаоѓа на најразлични начини – споделување содржини и материјали за учење преку веб-страниците на училиштата/факултетите, личните блогови на наставниците или преку групи на „Фејсбук“, „Вибер“ или „Скајп“. Но ова е далеку од онлајн-настава, туку повеќе станува збор за неформална и консултативна настава со минимална повратна врска од ученикот/студентот.

Наведените решенија и методи се изнудени импровизации што се многу далеку од вистинските организирани системи за учење на далечина, вели главниот и одговорен уредник на „Емитер“ Слободан Таневски.

Тој објаснува дека ZOOM е апликација за видеоконференции и состаноци која е достапна за Mac, Windows, Linux, iOS и Android оперативни системи и за сите уреди – десктоп, лаптоп, таблет и мобилен телефон.

-Таа овозможува едноставно одржување на видео-конференција и испраќање пораки и датотеки во реално време, помеѓу различни уреди. Професионалната верзија поддржува до 1000 учесници и 49 видеа на екранот. Притоа, повеќе учесници можат да ги споделат своите екрани истовремено и да даваат коментари и прашања, со што се овозможува поинтерактивен состанок односно предавање, вели Танески.

Тој информира дека апликацијата веќе ја користат многу училишта и факултети низ светот, а кај нас.

-За да се надминат почетните проблеми и за да се олесни одржувањето на онлајн-наставата списанието „Емитер“ подготви напис со упатство за инсталација и употреба на оваа апликација. Написот е достапен на веб-страницата на Емитер на следнава локација https://emiter.com.mk/vesti/18792. На истата локација достапна е и PDF верзија од статијата, објаснува Таневски.

Од списанието се надеваме дека оваа нивна статија ќе биде од полза за сите наставници, ученици и студенти и ќе им овозможи квалитетна онлајн-настава со која лесно ќе се совладуваат преостанатите теми од оваа учебна година.ир/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Панел дискусија по повод Меѓународниот ден на семејството

Меѓународен научен собир „Јазикот во медиумите (состојби, предизвици, перспективи)“

Следува продор на многу поладен бран во Македонија кој носи ладно време, многу дожд и снег!