Утрински Весник
Македонија

За јакнење на капацитетите на МВР намален приправничкиот стаж на полицајците

Промоција на нови полициски службеници  

Скопје, 25 март 2020 (МИА) – За зајакнување на капацитетот на Министерството за внатрешни работи Владата донесе уредба со која траењето на приправничкиот стаж на полицаец – приправник се скратува од шест на пет месеци.
-Владата донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за внатрешни работи за време на вонредна состојба со која се утврдува дека приправничкиот стаж на полицаец – приправник кој има склучено договор за вработување во Министерството за внатрешни работи на 1 ноември 2019 година согласно членовите 99 и 102 од Законот за внатрешни работи, трае пет месеци, соопшти владината прес-служба.
Уредбата е донесена заради прогласената вонредна состојба во државава која наложува ангажирање на целокупниот капацитет на организациските единици во рамки на МВР,  вклучително и полицајците – приправници.
На овој начин, стои во соопштението, ќе се овозможи дополнителен број полициски службеници, согласно потребите, динамиката, обврските и задачите што ги има полицијата, за спроведување на одлуките, препораките, заклучоците и мерките што ги утврдува Владата.лв/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Oд Словенија стигна донација од 4.070 лепенки за третман на изгореници за повредените од Кочани

Американци дошле на аџилак во Македонија – Давкова ги прими на средба

СДСМ организира трибина „Македонија понижена – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ”