Утрински Весник
Македонија

Кумановска текстилна фирма почна со изработка на маски

Кумановска текстилна фирма почна со изработка на маски

Куманово, 25 март 2020 (МИА)Кумановска текстилна компанија почна со изработка на заштитни маски, информира денеска градоначаникот Максим Димитриевски. Максите ќе бидат дистрибуирани до граѓаните.

Благодарност до фирмата БОСУТ Куманово која денеска почна со производство на поголема количина на заштитни маски кои ќе бидат донација, а подоцна ќе ги дистрибуираме бесплатно до граѓаните. Благодарност и до Дирекцијата за одземен имот која со одлука на Влада ни го обезбеди репроматеријалот за изрaботка на маските, објави кумановскиот градоначалник.

Tој информира дека општината набавила 12 моторни пумпи – прскалки за дезинфекција на јавно прометни површини и влезови на згради, како и пластични заштитни везири.

Продолжува дезинфекцијата на екипите на ЈП Чистота и зеленило и ТППЕ Куманово – противпожарна единица на стамбени згради на повеќе локации  „Трета МУБ, Народна револуција, Тоде Мендол, Гоце Делчев, Зелен Рид и на улиците во населбата Средорек.ам/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Циклони од Џенова: Првата половина од февруари многу влажна

Граѓански бунт против казните: Блокиран транзитниот пат во Струмица

Протест против новиот закон за одземање на возила од лица без дозвола