Утрински Весник
Македонија

Во Велес исчистена дива депонија во Рамина и атмосферскиот канал во близина на ООУ „Васил Главинов“

Во Велес исчистена дива депонија во Рамина и атмосферскиот канал во близина на ООУ „Васил Главинов“
Dik 300x250 mk

Велес, 25 март 2020 (МИА) – Согласно Оперативниот план за дезинфекција на територијата на Општина Велес, општината во соработка со ЈКП „Дервен” денеска започнаа активности за чистење на дивата депонија во месноста Рамина, како и чистење на атмосферскиот канал во близина на ООУ „Васил Главинов”.

Како што појаснуваат од Општина Велес, откако ќе заврши чистењето, ќе следуваат активности за перење и дезинфицирање на просторот.

Додаваат дека покрај лошите временски услови, активностите се реализираат согласно распоредот на активности утврден со Оперативниот план за дезинфекција. ад/ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

Почина поранешниот кошаркар на Пелистер, Зоран Петковски

Да се остават во минатото луѓето кои освен освен распродажба на Македонија, не покажаа ништо друго, повика Мицкоски од Росоман