Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Дезинфекција на колективните згради во Гостивар

Дезинфекција на колективните згради во Гостивар
Img 7972

Гостивар, 25 март 2020 (МИА) – Локалната самоуправа започна со дезинфекција на станбените згради низ градското подрачје. Мерката што ја предложи градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари, на последниот состанок на Кризниот штаб, ја спроведува јавното претпријатие „ Градски паркинг и зеленило“.

Од вчера, екипи на претпријатието со дезинфекциски средства ги прскаат влезовите на зградите и заедничките простории.

– Веќе завршивме со некои згради во центарот на градот и во населбата „Малеарди“. Планираме да ги дезинфицираме сите колективни згради и да го сториме тоа во рекордно време, вели директорот на НП „Градски паркинг и зеленило Гостивар, Беким Челебиу.

Тој најави дека откако ќе се заврши со оваа активност, планирано е да се оствари и соработка со локалната полиција и на пунктовите на влезовите во градот да се спроведува дезинфекција на возила.

Дезинфекцијата на улиците и јавните површини низ општината се изведува секоја вечер и тоа го прават екипи на ЈП комуналец и против пожарната единица. згм/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО и Коцевски да одговорат дали дискотеката Пулс платила 40.000 евра

Филипче: Само со темелни реформи може да го смениме системот, тоа е мојата политика

Доаѓаат влажни воздушни бранови од Медитеранот кон Македонија