Утрински Весник
Македонија

Земени шест брисеви за тестирање за коронавирус на отворен пункт на ЦЈЗ во Штип

Земени шест брисеви за тестирање за коронавирус на отворен пункт на ЦЈЗ во Штип

Штип, 24 март 2020 (МИА) – Во пунктот на Центарот за јавно здравје-Штип досега на шест граѓани им се земени брисеви за тестирање за коронавирус.

Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова истакна дека во овој пункт се земаат брисеви со упат од матичен лекар од граѓаните од општините, Штип, Карбинци, Радовиш и Пробиштип.

Таа посочи дека пунктот за земање на брисеви за коронавирус се наоѓа на паркинг просторот на задната страна на зградата на Здравствениот дом „Панче Караѓозов“-Штип. Граѓаните треба да ги следат само насоките и многу лесно можат да пристигнат до пунктот.

Паркингот на задниот влез на Здравствениот дом во Штип е затворен во период од 8 до 14 часот поради функционирање на пунктот.

-Уште еднаш информираме дека тестирањето се врши исклучиво со упат на матичен лекар, вели Димитрова. вдј/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал