Утрински Весник
Македонија

Блок за МИА: Нема препрека веднаш да се одржи првата меѓувладина конференција со Северна Македонија

Блок за МИА: Нема препрека веднаш да се одржи првата меѓувладина конференција со Северна Македонија

Брисел, 24 март 2020 (МИА) – Холандскиот министер за надворешни работи Стефан Блок за МИА изјави дека не гледа пречка веднаш да се одржи првата меѓувладина конференција со Република Северна Македонија.

-Земјата нема дополнителни услови, рече тој.

Земјите членки на ЕУ постигнаа политички договор за отпочнување на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, соопшти еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

– Од срце им честитам на двете земји. Ова исто така испраќа и јасна порака до земјите од Западен Балкан: Вашата иднина е во ЕУ, напиша Вархеји на неговиот официјален Твитер налог. тм/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Андоновски: Електронската архива и менаџмент на документи (еДМС) значи намалена можност за корупција и брза размена меѓу институциите – 26/03/2026 

Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира 

Се трујат миленици и бездомни животни во Пробиштип