Утрински Весник
Македонија

Вархеји: ЕУ одлучи да почне преговори со Севена Македонија и Албанија

Вархеји: ЕУ одлучи да почне преговори со Севена Македонија и Албанија

Брисел, 24 март 2020 (МИА) – Земјите членки на ЕУ постигнаа политички договор за отпочнување на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, соопшти еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

– Од срце им честитам на двете земји. Ова исто така испраќа и јасна порака до земјите од Западен Балкан: Вашата иднина е во ЕУ, напиша Вархеји на неговиот официјален Твитер налог.

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска на видео – конференција дебатираа за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија. Ставот на ЕК по ова прашање, е јасен: двете земји испорачаа реформи и се подготвени да ги отворат преговорите, твитна Вархеји. вг/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Шокирачки се политичките одлуки на Врховниот суд за модуларната болница, Ласкарци и редица други случаи

Каранфилова-Пановска: Мицкоски изнесе брутална лага на надзорната расправа за Алта банка, Обвинителството мора да постапи

Обвинителството ќе постапи ако утврди елементи на кривично дело за Алта банка, Савески не открива дали е отворена предистражна постапка