Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Адеми: Се уште не сме дискутирала за конкретен предлог од политичка партија

Просечната оценка на државната матура 3,47
300x250 opst2

Скопје, 24 март 2020 (МИА) – Министерот за образование и наука Арбер Адеми денеска на прес-конференција соопшти дека како Влада се уште не дискутирале за конкретен предлог од некоја политичка партија.

На новинарско прашање за тоа дека СОНК и НАкС го отфрлаат предлогот економски мерки на СДСМ за минималец за цел јавен сектор, каде се вклучени и образование, наука и култура и дали ќе ги послуша нивните барања, Адеми додаде дека добредојдени се сите предлози од стопанските комори, асоцијации на работодавачи, политички партии, организации, невладин сектор…

– Принципот на работење во Владата е дека длабоко се анализираат сите предлози и тоа што е во најдобар интерес на граѓаните, така и одлучуваме секогаш, рече Адеми.

Министерот за образование и наука смета дека и во овој период треба да се вложат конкретни напори во мотивација на наставниците, претставниците од академската и научна заедница да продолжат да го реализираат овој начин на одвивање настава. мд/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: 35 години ВМРО-ДПМНЕ Куманово – град на хероите, достоинството и силниот дух

Утревечер ѕвездено небо над Штип во чест на Панчо, светлината што никогаш нема да згасне

Филипче: Во програмата на Бузлевски никој не е заборавен, со него Ресен повторно ќе се развива