Утрински Весник
Македонија

ЦУК: За Дебар и Центар Жупа се потребни пропусници за движење во време на полицискиот час

Заклучоци од состанокот на Главниот штаб на ЦУК за справување со ширењето на коронавирусот

Скопје, 24 март 2020 (МИА) – Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска информира дека пропусниците што ги издава за движење во Дебар и Центар Жупа, каде беше прогласена кризна состојба на 13 март поради ширење на корона вирусот, не важат за време на полицискиот час од 21:00 до 5:00 часот изутрина. За движење во тој период ЦУК ќе издава нови пропусници, за што заинтересираните треба да се обратат до нив.

Од ЦУК укажуваат на дел од мерките и активностите што ги донесе Владата, а се однесуваат за ограничување на движење и работа во подрачјата зафатени со кризна состојба во општините Дебар и Центар Жупа во периодот од 21-05 часот додека трае полицискиот час, што подразбира дека и издадените пропусници не важат за периодот додека трае полицискиот час.

Во Законот за управување кризи во членот 44 се предвидува: Заради регулирање на движењето и работата во подрачјето зафатено со кризна состојба, на учесниците во Системот за управување со кризи, како и на учесници од меѓународни и други организации и институции, им се издава одобрение – Пропусница”.

– Се известуваат сите субјекти од Системот за управување со кризи и други субјекти кои спроведуваат мерки и активности, а се поврзани со потреба од движење и работа на подрачјето каде е прогласена кризна состојба, дека Центарот за управување со кризи ќе започне со примена на оваа законска одредба и ќе издава Пропусници, започнувајќи од 23.03.2020 година, од 17 часот, стои во информацијата од ЦУК.

Барањата за пропусница треба да се достават на имејл адреса: situacionen.centar@cuk.gov.mk. Во барањето потребно е да се наведат следните податоци:

– Тип на барател (Физичко или Правно Лице)

– Име и презиме на барател/носител на пропусницата

– Адреса на барателот,

– Подрачје на движење за кое се однесува барањето,

– Датум на поднесено барање,

– Датум на важност на Пропусницата,

Согласно правилникот од Законот за управување со кризи , Сл. Весник бр. 29/05, член 44).

Заради појавата на Коронавирусот Ковид-19 на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, каде првите два случаеви беа регистрирани на 6 март и брзото ширење на вирусот, Владата на предлог на Управувачкиот комитет за координација и уравување со Системот за управување со кризи на седницата на 13 март 2020 година, донесе „Одлука за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, на подрачјата на општините Дебар и Центар Жупа”. ев/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Денес продолжува 14тата седница на Собранието

Мицкоски: За 80 дена имаме покачени пензии, исплата на заостанати плати, субвенции, нови инвестиции

Мицкоски: Зад конфликтот во Галате се наѕира желбата на ДУИ преку вакви конфликти да се добере на власт