Утрински Весник
Македонија

Пазарот во Виница се затвора целосно

Пазарот во Виница се затвора целосно
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Виница, 24 март 2020 (МИА) – По состанокот со надлежните институции во Општината, а во согласност со препораките од Владата за заштита од коронавирусот, Кризниот штаб на Виница донесе одлука за целосно затворање на градскиот пазар.

Со тоа е променета претходно донесената одлука со која во среда, кога е пазарен ден, им беше дозволено работењето само на продавачите на прехранбени артикли.

– Имајќи ги предвид последните мерки за ограничено движење на пензионерите и на другите лица, одлучивме во текот на утрешниот ден тезгите да бидат целосно затворени. Освен на текстилни и други производи, тоа подразбира и забрана за продажба на овошје, зеленчук, млечни производи и сите останати земјоделски намирници, истакна градоначалникот Ивица Димитров.

Според известувањето од општинскиот Кризен штаб, 71 лице од Виница е опфатено со мерката за домашна изолација и главно се работи за граѓани кои пристигнале од странство, односно од држави кои се на листата на средно и високоризични.

Екипи на комуналното претпријатие „Солидарност“ продолжуваат со мерките за дезинфекција на локациите на кои во текот на денот има поголема фреквенција на граѓани, а после секој погреб се дезинфицира и градската капела.та/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен

АМСМ: Блокиран патот Берово-Струмица поради собир, магла кај Ресен