Утрински Весник
Македонија

Во Берово во тек хуманата акција ,,Донирај мед за имунитет”

Во Берово во тек хуманата акција ,,Донирај мед за имунитет”

Берово, 24 март 2020 (МИА) – Во Берово во тек е хуманата акција ,,Донирај мед за имунитет”. Иницијаторот за покренување на акцијата е беровското семејство Дочински, а истата како што информираше пчеларот Гоце Дочински се состои од собирање мед и пчелни производи, кои потоа ќе бидат донирани на социјално загрозени семејства.
-Поттикнати од кризната ситуација со вирусот КОВИД-19, во кои една од основните предуслови, за човек да полесно да го помине вирусот, е здрав и силен имунитетен систем, решивме да ја започнеме оваа хумана акција. Целта е да се обезбеди мед за сите оние семејства кои не можат да си дозволат никакви витамински или препарати кои го засилуваат имунитетниот систем, вели Гоце Дочински.
Негова должност, како што додава, ќе биде да ги собира пчелните производи, кои потоа ќе бидат доставени до Општина Берово, која ќе ги распредели на социјално загрозените семејства.
-Ги покануваме и сите други хумани граѓани, кои сакаат да се приклучат на оваа благородна и слатка иницијатива, може по своја иницијатива да купат мед, или пчелни производи, од било кој индивидуален производител во Малешевијата, во рамките на своите можности и да ги достават до мене или во општината и тие ќе бидат донирани, на оние на кои им се најпотребни, а истите не можат да си ги дозволат, додава Дочински.
Од општината изразија огромна благодарност до семејството Дочински, за оваа хумана иницијатива. Во меѓувреме како што додаваат граѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките за спречување на појавата на КОВИД-19 и да останат дома. вс/бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски со поголема плата од премиерите на Србија, Црна Гора, БИХ и Косово

Гир: Во Брисел нема волја за менување на Преговарачката рамка

123 санкционирани возачи во Скопје, 37 за брзо возење