Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Искршено дрво од снегот предизвика прекин на струјата во оддел на струмичката болница

Искршено дрво од снегот предизвика прекин на струјата во оддел на струмичката болница
300x250 opst2

Струмица, 24 март 2020 (МИА) – Утрово околу 06:30 часот искршено дрво во дворот на Одделот за неврологија и психијатрија во Медицинскиот центар во Струмица предизвика прекин на електричната енергија, информираат од Територијалната противпожарна единица на Струмица.

-Дрвото паднало под притисок на снегот, а во отстранувањето учествувавме со едно противпожарно возило и тројца пожарникари, при што со моторна пила дрвото беше исечено и отстрането и со тоа им овозможивме на екипите на ЕВН да ја вклучат струјата, дополнуваат во информацијата струмичките пожарникари.

Утрово во Струмица се измерени над пет сантиметри снег, кој се уште врне и не предизвикува проблеми во сообраќајот и движењето на граѓаните. рт/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Алејата на ангелите во Кочани повторно зборува без зборови

Николоски од Охрид: Кирил Пецаков ќе има историски најголема победа

Филипче од Струмица: Даскаловски е човек од теренот, СДСМ се враќа и ќе победи