Утрински Весник
Македонија

МНР организираше враќање на 63 македонски граѓани од Црна Гора

МНР формира координативно тело за помош на граѓаните кои се затекнати на граничните премини и аеродороми

Скопје, 24 март 2020 (МИА) – Министерството за надворешни работи соопшти дека во соработка со МНР на Црна Гора и Косово, утрово организираше враќање на 63 македонски граѓани во својата земја, со еден автобус и 19 автомобили, кои ќе бидат сместени во задолжителен карантин, согласно мерките за заштита од пандемијата.

Истовремено, со автобусот на пат кон Црна Гора, овозможено е 15 црногорски граѓани да се вратат во нивната земја.

Министерството за надворешни работи, воедно, упатува благодарност кон црногорските и косовските власти за соработката, непречениот транзит и солидарноста. вг/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Жена од Скопје измамена за сума од 117.000 денари

Маж пронајден мртов во дом во Ѓорче Петров, имал траги на насилство

Владина делегација предводена од Муцунски положи цвеќе по повод 23 Октомври