Утрински Весник
Спорт
Img 7972

САД бараат одложување на Олимписките игри 2020

Вештачки снег за разладување на Летната олимпијада во Јапонија
300x250 opst2

Вашингтон, 24 март 2020 (МИА) – Олимпискиот и Параолимпискиот комитет на САД апелираат до Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) да бидат одложени Олимписките игри во Токио во врска со пандемијата на коронавирус.

– Благодарни сме на 1780 спортисти на американската репрезентација што го споделија својот глас со нас и придонесовме во решавањето на проблемите поврзани со коронавирусот и Олимпијадата. Нашиот најважен заклучок од реакцијата на спортистите е дека дури и ако сегашните значајни здравствени проблеми можат да се решат до крајот на летото, сите потребни активности за тренинзи, контролата на допинг и квалификациите не можат да се надминат на задоволителен начин. Во овој поглед, сега е јасно дека опцијата за одложување е неопходна и ние го повикуваме ИОК да го стори тоа со цел да обезбеди безбедност на Игрите за сите учесници, се вели во соопштението.

Претходно, одложување на ЛОИ 2020 побараа Австралија, Канада и Нов Зеланд.

Олимписките игри во Токио се закажани за периодот од 24 јули до 9 август. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Барселона ќе ја чека пекол во Битола – влезниците продадени за осум минути

Арената се полни, Македонија ќе го пречека Казахстан пред полн стадион

Македонската фудбалска репрезентација го пречекува Казахстан во претпоследниот квалификациски меч за СП 2026