Утрински Весник
Македонија

Облачно и студено со повремен снег

Облачно и студено со повремен снег

Скопје, 24 март 2020 (МИА) – Времето ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до минус седум степени, а дневната температура ќе се движи од минус еден до шест.

Во Скопје ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Утринската температура ќе достигне до минус еден степен , а дневната температура до два степени.

Во среда ќе се задржи облачно време со повремени врнежи од снег. Најобилни врнежи ќе има во источните делови од земјава, каде се очекува формирање на снежна покривка и над 20 см. Во останатите подрачја можна е помала снежна покривка, главно околу 5 см, освен на планините каде ќе биде поголема. Потоа до сабота времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи кои заради затоплувањето ќе бидат претежно од дожд.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

„Винчини“ ќе се обнови – „Макпрогрес“ ќе ги задржи сите вработени

(фото) Вечерва тешка сообраќајка во населба Аеродром

Претседателката Сиљановска Давкова доби пес Караман кој треба да биде признаен за автохтона македонска раса